Легендарниот НФЛ играч, Том Брејди, неодамна потпиша за Тампа Беј, поради што мораше и да си најде нов дом. Тој немаше проблем да си најде нов дом иако е криза и изнајми вила од речиси 3.000 квадратни метри.

Брејди се всели во вилата на безбол ѕвездата Дерек Џетер, која вреди 14 милиони долари, а НФЛ-играчот ќе ја изнајмува за околу 75.000 долари месечно.

Вилата е изградена во 2010 година, а има базен, две места за приватни чамци, седум спални соби, девет бањи, соба за забава и огромна дневна соба.