Селекторот на кошаркарската репрезентација на Австралија Брет Браун објави дека ја напушта функцијата, објави „Еурохупс“. Одлуката на Браун се должи на променетите на лични околности во последните месеци. Браун требаше да го подготви тимот на Австралија за одложените Олимписки игри во Токио до 2021 година, но ја извести локалната федерација дека нема да може да ги исполни должностите.

Претходно тренерот ја напушти Филаделфија, каде работеше седум сезони.