Нема одмор за македонската ракометна репрезентација. Неколку часа по пристигнувањето во Виена каде што ќе ги одиграат натпреварите од групната фаза на Европското првенство го одработе и првиот тренинг, поточно последен пред утрешниот меч со селекцијата на Украина.

Селекторот Данило Брестовац, ги подели првите совети, а капитенот Кирил Лазаров тренираше индивидуално. Се уште не се знае дали ќе настапи на утрешниот меч, а не одигра ниту еден од подготвителните натпревари. Сепак се е во ред со него и доколку е потребно ќе биде во игра на мечот со Украинците.

Фото: П. Стојановски