Селекторот на машката кадетска ракометна репрезентација, Данило Брестовац го објавува списокот на повикани ракометари за собир во рамки на припремниот период за претстојното Светско првенство У19 – 2019 кое ќе се одржува во Скопје во период од 05 ти до 18 ти Август 2019 година.

Собирот е закажан на ден 10.07.2019 со почеток во 13:30 часот во Струга во Хотел Арбери.

Кадетската репрезентација на Македонија е во групата Ц заедно со репрезентациите на Аргентина, Нигерија, Јапонија, Бахреин и Данска.