Бред Пит и Џенифер Анистон си разменија нежности: „Толку си секси“!/ВИДЕО

1066

Моментот што го чекаа фановите на Бред Пит и актерката Џенифер Анистон се оствари по 15 години од раскинувањето на нивната врска. Особено откако Бред Пит ја заврши врската со жената што ги раздели, нивната колешка Анџелина Џоли.

Фановите на овој пар имаа можност повторно да ги видат заедно. Имено, поранешната брачна двојка се најде повторно заедно на малите екрани, а многумина во коментарите на видеото изјавија дека е очигледно дека сè уште светкаат искри меѓу нив.

Тие двајца и уште неколкумина други актери го прочитаа сценариото на филмот “Fast Times at Ridgemont High”.

Бред го играше Бред Хамилтон, додека Џен ја играше Линда, девојката во која е заљубен. Значи, беше навистина интересно кога Џенифер требаше да рече: “Еј, Бред, знаеш дека секогаш мислев дека си симпатичен. Толку си секси”.

Во целата приказна наратор беше Морган Фримен, а во интересното видео, што трае речиси еден час се појавуваат и Шиа ЛаБеуф, Џулија Робертс, Метју Меконахи, Џими Кимел, Џон Леџенд и неговата сопруга Криси Тајген, Хенри Голдинг, Дејн Кук и Шон Пен.

Претставата собра средства за хуманитарната организација CORE, што им помага на погодените од пандемијата на коронавирус.