Бред Пит е пред крајот на својата филмска кариера

1590

Холивудската ѕвезда Бред Пит изјави дека е на „последната етапа“ од својата филмска кариера.

Според Variety, 58-годишниот актер не бара обновување на кариерата, напротив, тој чувствува дека неговата долга кариера во филмовите е пред сам крај.

„Сметам дека сум на последниот дел од последниот семестар или триместар. Каков ќе биде овој дел? И како сакам да го дизајнирам? изјави актерот од Троја додека даваше интервју за магазинот GQ.

Режисерот Квентин Тарантино, познат по неговиот супер-хит филм „Беше еднаш во Холивуд“ со Пит во главната улога, призна дека ако навистина стигнат последните фази на Пит во неговата кариера, тогаш холивудската филмска индустрија ќе изгуби „еден од последните преостанати големи филмски ѕвезди на екранот“, објави Variety.