Кошаркарот Ејвори Бредли  седнал на преговарачка маса со тимот на Мајами околу потпишувањето на двегодишен договор во висина од 11.6 милиони долари, објави „Атлетик“. Поранешниот играч на Лејкерс претходно се откажа од пет милиони долари опција за продолжување на сезоната 2020/21 и стана неограничен слободен играч.

Минатата сезона Бредли бележеше во просек по 8.6 поени, 2.3 скока и 1.3 асистенции за Лејкерси по натпревар. Кошаркарот стана шампион во НБА, иако не учествуваше во рестартирањето на сезоната од семејни причини.