Американскиот кошаркар Бредли Бил (28) одбил да ја искористи опцијата и следната сезона заработи 36,4 милиони долари.

Бил во договорот, имал опција да го продолжи договорот на уште една година, но решил да се тестира на пазарот па стана слободен агент.

Тоа значи дека има големи шанси Бил следната сезона да не биде член на Вашингтон, тимот за кој настапува од почетокот на кариерата од 2012 година.

Изминатата сезона Бил бележеше во просек по 23,2 поени, 4,7 скокови и 6,6 асистенции по натпревар.