Брегу: Регионалната интеграција не може да напредува без европската

83

„Регионалната интеграција не може да напредува без европската интеграција”, изјави денеска во Женева генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу.

Зборувајќи по состанокот на лидерите на Западен Балкан, Брегу рече дека поради тоа предизвикот е сега поголем и дека шесте земји од регионот, очекувајќи појасна слика за проширувањето на ЕУ, сепак, треба да ја засилат регионалната соработка. Сите треба добро да разберат што се случува со процесот на регионалната соработка, зашто забуна во тој поглед може да ја загрози, вели Брегу.

„Побрзиот економски раст на Западен Балкан лежи во создавање единствен пазар или регионален економски простор како што ние го нарекуваме. Ако прекуграничната координација во регионот го достигне европскот просек, Западен Балкан на годишна основа би заштедел 800 милиони евра или околу еден отсто од БДП на регионот. Функционален регионален економски простор им помага на економиите да бидат многу поконкуренти, иновациите побрзо да се шират на обединетиот пазар, а кога зборуваме за Западен Балкан тоа е пазар од 18 милиони луѓе”, рече Брегу.

Регионалниот совет за соработка денеска потпиша Меморандум за соработка со Светскиот економски форум, кој ги собра лидерите на Западен Балкан, што според Брегу ќе ја помогне регионалната интеграција.