Брајтвајт нов играч на Барселона

42

Напаѓачот Мартин Брајтвајт се пресели од Леганес во Барселона. Дваесет и осумгодишниот Данец потпиша договор со Каталонците со важност до летото 2024 година.

Барселона на Твитер објави дека износот на трансферот е 18 милиони евра. Во договорот на играчот ќе има и ослободителна клаузула за откуп на договорот во износ од 300 милиони евра. Оваа сезона на 24 настапи во Ла Лига, Брајтвајт постигна шест голови.