Брајант, Данкан и Гарнет – официјално нови членови на Куќата на славните

31

Легендарните НБА играчи Коби Брајант, Тим Данкан и Кевин Гарнет се на официјалниот список на потенцијалните новодојденци во „Куќата на славните” во 2020 година.

Кошаркарската „Куќа на славните Нејсмит” денес официјално го објави списокот на сите финалисти во 2020 година.

Покрај Брајант, Данкан и Гарнет, во неа ќе влезат и познатата женска кошаркарка во НБА, Тамика Качингс, како и четири познати тренери: Руди Томијанович, Ким Малки, Барбара Стивенс и Еди Сатон.

Брајант постхумно ќе стане член во Домот на славните. Легендарниот кошаркар на Лејкерс почина на 26 јануари во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.

Извор:МИА