EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Поранешниот НБА кошаркар Квами Браун го коментираше однесувањето на младиот плејмејкер Џа Морент.

  • Значи, сакаш да си играш со пиштоли, нели Џа? Сакаш оружје… Наместо да бидеш во својот дом и да го купуваш целото оружје кое ти се допаѓа, ти мавташ со пиштол пред камера како да сакаш проблем па лажно ќе се извинуваш. Ти си глупаво момче, најглупаво во целата лига. Имаш 231 милион долари и глумиш криминалец? Законот ти дозволува да имаш пиштол, но зошто вадиш пиштол и закануваш во празно. Каква е таа музика што ја пушташ? Тоа ќе ти ја уништи кариерата, истакна Браун.