Брауни:Познатиот чоколаден колач на здрав начин

310

Ако се грижите за линијата и сакате да уживате во десерт без да се грижите дека сте внеле премногу калории, ова е вистинскиот рецепт за вас!

Брауни без шеќер содржат малку калории, но не за сметка на вкусот!

Потребно е:

  • јаболко со средна големина
  • прстофат цимет
  • две јајца
  • две лажици масло
  • ¼ лажички екстракт од ванила
  • две лажици мед
  • лажица какао
  • ¼ лажичка сол
  • 1/2 чаша брашно од цело зрно
  • ¼ лажичка прашок за печиво
  • ¼ лажичка сода бикарбона

Приготвување:

Направете пире од едно јаболко кое ќе го ставите исечкано на парчиња парчиња во вода, ќе додадете цимет и ќе го варите околу половина час. Кога јаболкото ќе биде сварено, испасирајте го со миксер за пасирање или со вилушка. Во чинија со средна големина, изматете ги јајцата и додадете масло, екстракт од ванила, мед и изматете сè. Во изматената смеса додадете какао и сол, измешајте повторно, па додадете го пирето од јаболко што сте го направиле и повторно промешајте за да се соединат состојките. Во посебен сад истурете го брашното, прашокот за пециво, сода бикарбоната и кога ќе ги измешате, додадете ја смесата со какао што сте ја подготвиле порано. Кога ќе ги измешате состојките да се соединат, истурете ја смесата во подготвената тава и печете 25-30 минути на 180 степени.