Македонскиот олимпиец во спортско стрелсштво, Бојан Бранковски, го освои 21 место на Олимпијадата во Токио што воедно значеше и нов државен рекорд.

На Олимпискиот турнир во дисциплината воздушен пиштол на 10 метри, Бранковски оствари резултат од 573 кругови (или по серии: 94, 93, 98, 95, 96, 97).

Овој резултат на Бранковски не му донесе влез во финалето и борба за олимписки медал, заостанувајќи пет кругови.