Бранителот на тронот пред елиминација

78

Денеска ќе бидат одиграни последните четири натпревари од групната фаза на ЕП 2020. Конечна разврска за тоа кои репрезентации ќе обезбедат пласман во 1/8 финалната рунда ќе имаме и во групите „Е“ и „Ф“. Од сите натпревари, убедливо најголемо внимание ќе привлече пресметката помеѓу репрезентациите на Португалија и Франција. Актуелниот светски шампион има четири бода и е речиси сигурен патник во следната рунда, додека бранителот на тронот има обврска да остане непоразен во дуелот со „Галските петли“.

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА: Група Е: Шведска – Полска, Шпанија – Словачка. Табела:Шведска 4, Словачка 3, Шпанија 2, Полска 1 бод. Група Ф: Португалија – Франција, Германија – Унгарија. Табела: Франција 4, Германија 3, Португалија 3, Унгарија 1 бод.