Браната Отиња ќе се гради три години со 7,5 милиони евра

162

Од буџетот на Министерството за транспорт и врски за изградба на насипна брана со придружни објекти „Отиња“ во општина Штип ќе се издвојат 460 милиони денари, односно околу 7,5 милиони евра со вклучен ДДВ за период од три години.

Владата ја усвои Информацијата за почнување со реализација на овој проект и даде согласност за преземање на обврски во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во 2021, 2022 и 2023 година на Министерствотоза транспорт и врски.

Според предвидената динамика за оваа година се предвидени 160 милиони денари, следната 150 милиони денари, а исто толку и во 2023 година.

-Притоа беше задолжено Министерството за транспорт и врски да ги прикаже потребните буџетски средства во буџетскиот циркулар за соодветните фискални години, а Министерството за финансии да ги има предвид при утврдување на Буџетот на Република Северна Македонија за соодветните фискални години, се наведува во соопштението од Владата.

За изградба на овој објект има проект, а распишан е и јавен повик за изведувач. Според проектот браната ќе биде висока 34 метри, ќе служи за заштита од поплави, а во втора фаза и за производство на електрична енергија.