Брамерц: Состојбата во поранешна Југославија е влошена поради негирање на злосторствата

130

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц изјави пред Советот за безбедност на ОН дека во земјите на поранешна Југославија треба да се обработат уште неколку илјади случаи на воени злосторства.

Брамерц рече дека во земјите на поранешна Југославија и натаму е присутна глорификација на воените злосторници.

– Порекнувањето на злосторствата нанесува длабоки страдања за жртвите и нивните семејства, рече Брамерц.

Зборувајќи за судењата кои се во тек или во жалбена постапка, Брамерц изрази задоволство од пресудата со која Трибуналот го осуди поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, на доживотен затвор за злосторства во Сребреница и други злосторства.