Бразилски политичар избран за градоначалник, иако цел месец е во индуцирана кома поради коронавирус

42

Локалниот политичар од централен Бразил, Магуито Вилела, вчера бил избран за градоначалник на градот Гоијанија, но тој се уште не го знае тоа, бидејќи поголемиот дел од месецот го мина на респиратор во индуцирана кома поради инфекција со Ковид-19.

Неговиот случај е само последен пример на големината на пандемијата на коронавирусот во Бразил, земјата која го има најголемиот број на смртни случаи во светот, по  САД. Повеќе од 6,3 милиони Бразилци досега биле заразени и речиси 173. 000 се умрени од Ковид-19, наведува бразилското Министерство за здравство.