Познатата бразилска блогерка Камила Коељо ова лето е доста активна. Но и судејќи според сликите таа е и понатаму атрактивна. Својата блогерска љубов сега ја преточи во модата со нова колекција, пишувајќи за модните актуелности но и сликајќи се и сама и заедно со своите црномурести пријателки.
–
Нејзините најомилени модни парчиња се во жолта, портокалова, црвена, ментол боја… Ведрата Камила, само на Инстаграм, има над 8 милиони следбеници за кои секојдневно приредува празник за очи… Што е многу, многу е! Но, таа така заработува. Нема летен одмор за неа. Д.М.