Легендарниот фудбалер Луис Назарио да Лима Роналдо неодамна стана мнозински сопственик на клубот Крузеиро каде ја започна својата фудбалска кариера. Неговиот прв чекор како сопственик на клубот беше отказот на претходниот тренер, Вандерлеј Луксембурго.

Станува збор за човек кој беше селектор на Роналдо во репрезентацијата од 1998 до 2000 година, а потоа и тренер во Реал Мадрид во сезоната 2004/05.

Претседателот на клубот Серхио Сантос беше јасен за ова прашање.

  • Јас не ги носам овие одлуки. Поставете му го тоа прашање на Роналдо, изјави Сантос.

Луксембурго е тренер на Крузеиро од оваа сезона, која ја заврши на 14. место во втората лига.