Бразилецот не е дел од идните планови на Пеп

94

Менаџерот на старо-новиот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не планира во новата клупска сезона да ги користи услугите на бразилскиот интернационалец, Габрие Жезус.

Трофејниот шпански стручњак не крие дека е незадоволен од ефектот на младиот напаѓач затоа што не станува збор за играч кој може да постигне најмалку 20 погодоци во една сезона.

Според раководните лица на Манчестер Сити, Бразилецот вреди најмалку 60 мил. фунти, а најголем интерес за неговите услуги покажа предводникот на шпанскиот гигант Атлетико (М), Диего Симеоне.