Бојмија ќе биде заштитена од фекална и отпадна вода

96

Во реонот на Бојмија почна спроведувањето на втората фаза од изградбата на канализациската мрежа во која треба да се инсталира секундарна цевководна мрежа во должина од околу три километри и да се изградат 116 канализациски шахти.

– Реализацијата на втората фаза од изградбата на канализациската мрежа е од огромно значење за реонот на Бојмија, кој, конечно ќе биде целосно опфатен со примарна и секундарна канализациска мрежа за фекална и отпадна вода – велат од Валандово.

Проектот треба да се реализира во рок од 120 дена, по што општина Валандово вети дека ќе продолжи и понатаму да реализира проекти кои ќе овозможат еднакви услови за квалитетен живот на сите жители од општината.