Бојкот на Оскарите 2023:Претседателот на рускиот комитет за номинации поднесе оставка

155
Русија нема да испрати ниту едно свое остварување како кандидат за Најдобар меѓународен филм на доделувањето на Оскарите 2023 година.
„Президиумот на Филмската академија на Русија одлучи да не номинира национален филм за наградата Оскар на Американската академија на филмски уметности и наука“, наведува Гардијан.
Според Варајети, неколку членови на рускиот комитет за номинација за Оскар, вклучително со претседателот Павел Чукрај, поднеле оставка по таа одлука.

 

Во писмото кое го објави новинската агенција ТАСС, претседателот ја обвинил Руската филмска академија за носење „еднострана одлука за шефот на комитетот“, и ја опиша како „неправедна и незаконска“.

Ова е првпат земјата да го бојкотира доделувањето на Оскарите од распаѓањето на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Како што наведува Варајети, некои членови на рускиот комитет за Оскар дадоа оставки кога војната во во Украина почна на почетокот на годината.

„Не можеме да работиме како и обично кога сме во војна. Го напуштив Комитетот на 27 февруари откако Русија ја нападна Украина. Иако е погрешно што филмските фестивали или церемониите за доделување награди ги бојкотираат руските филмови, не сметам дека е во ред да се учествува во промоција на руски филмови во овој момент“, рече членот на агенцијата Евегениј Гиндилис. 

95. доделување на Оскарите е закажано за 12 март 2023 година, пишува НМЕ.