Бојан Костадиноски го фати крстот на железниот мост во скопски Хром

55

Дваесет и двегодишниот Бојан Костадиноски го фати крстот на манифестацијата за одбележувањето на верскиот празник Богојавление – Водици, на железниот мост во населбата Хром, на границата меѓу скопските општини Карпош и Ѓорче Петров.

На манифестацијата присуствуваа голем број на граѓани од двете општини, како и градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, кој заедно со советниците на присутните им го честитаа денешниот празник и им посакаа добро здравје, среќа и благосостојба.

Општина Карпош информира дека традиционално го поддржува одбележувањето на Водици со посебна единица – тим за спасување во водите на Вардар, со цел поголема безбедност на учесниците при фаќањето на крстот, а се одвојуваат и средства од општинскиот Буџет за логистичка поддршка на целиот настан.