Како што минуваат трките, се повеќе станува јасно дека Луис Хамилтон ќе ја освои својата седма титула во Формула 1. Британецот славеше на шест од деветте трки сезонава, а воедно и нема речиси никаква конкуренција на патеката која би можела да му ги помати сметките.

Неговата најголема „закана“ е тимскиот колега Валтери Ботас, кој редовно е побрз на тренинзите, но во квалификациите и на трките не се снаоѓа баш најдобро.

  • Неверојатно е она што го прави Луис. Ботас е исто така многу добар, но изгледа како мамка покрај Хамилтон. Ако Хамилтон направи мала грешка, Валтери е таму за да го искористи тоа, но Британецот е во можност веднаш да возврати, вели холандскиот пилот Ренгер ван дер Занде.

Иако Финецот започна добро и претходните сезони, како и оваа, шесткратниот шампион брзо ја презема лидерската позиција на табелата во генералниот пласман.

Во претходните две години, не гледавме многу возбуда во борбата за титулата, како што беше тоа додека Нико Розберг и Себастијан Фетел беа достојни конкуренти на Хамилтон.

Иако навивачите страдаат од недостаток на возбуда на трките, Ван дер Занде верува дека се соочуваме со нешто уникатно.

  • Мислам дека моментално го гледаме најдобриот шампион на сите времиња. Тој е паметен во тоа што го прави, знае како да излезе и забавно е да се гледа затоа што е секогаш на работ на излетување. Уживајте, бидејќи за неколку години ќе го паметиме големиот Хамилтон, додаде Холанѓанецот.

Следната трка во Формула 1 е закажана за 27 септември во Сочи, за Големата награда на Русија.