Кошаркарот на Бостон, Енес Кантер, посочува дека на играчите ќе им треба најмалку две недели тренинзи пред да продолжат со натпреварите во НБА-лигата.

Центарот на Селтикс смета дека многу кошаркари не се во посакуваната форма затоа што немале соодветни услови за тренинзи за време на коронавирусот. Покрај тоа, Кантер смета дека неговиот тим може оваа сезона која е во прекин да ја освои титулата во најсилното клупско кошаркарско натпреварување.

  • Ќе ни бидат потребни две-три недели тренинг затоа што играчите се претежно во станови и не се движат. Мора да се бидеме сите се подготвени, затоа што во плејофот е како војна. Секој треба да биде здрав, физички способен, само тогаш можеме да продолжиме да се натпреваруваме. Ние сме конкуренти, сакаме да заврши сезоната, особено затоа што имаме шанса да ја освоиме титулата, истакна Кантер.

Бостон заврши на третото место во Источната конференција пред сезоната да биде прекината поради пандемјата на коронавирус.