Босилек-ароматична и лековита билка која треба максимално да се искористи

116

Босилекот е растение кое може да се сретне во секоја градина, а се почесто, и на терастите, или во саксиички покрај кујнските прозорци. Ароматичниот лист е неизбежна состојка во песто сосот, оброците со домати и многу други јадења, најчесто од медитерансакта кујна. Ако и вие го одгледувате, го сушите за чај и зачин, сепак, постајат многу начини како да го искористите и додека е свеж.

Босилекот има антивоспалително својство, богат е со антиоксиданси, и може да се користи како аналгетик-ги опушта мускулите и ја намалува болката. Инхалирањето со босилек помага во намаливање на симптомите на главоболка.

Босилекот можете да го исористите за јакнење на имунитетот, консумирајќи го како чај. Босилекот содржи биофлавоноид апигенин, кој е познат по своето позитивно влијание на чоечкиот организам.

Свежи ливчиња босилек ќе го облагородат вкусот на коктелите како мохито или џин тоник, студениот чај од лимон, како и обична чаша минерализирана вода. Можете да ставите по неколку ливчиња и во садот за мраз и секој пат кога сакате да се разладите, да ја облагодорите вашата вода со коцка-две со ливче босилек.

Босилекот можете да го ставите и во водата за капење, ќе уживате во неговиот мирис додека се опуштате во кадата.