Славниот боксер од Босна и Херцеговина, Аднан Чатиќ, познат како Феликс Штрум, осуден е на  три години затвор. Тој е осуден заради затајување на данок во Келн.

Поранешниот светски шампион проглесен е за виновен заради затајување на милион евра во периодот од 2008 – 2010, како и во 2013 година, објавија германските медиуми. Судот не го теретеше боксерот за истите работи во периодот од 2011 и 2012 година.

Порво босанскиот боксер се теретеше за затајување на данок во износ од 5.800.000 евра, во периодот од 2008 и 2015 година, но во текот на судскиот процес периодот од 2014 до 2015 веднаш беше отфрлен.

На почетокот од април минатата година Чатиќ беше уапсен, а по осум месеци излезе од затвор со кауција од 300.000 евра.

Сепак затајувањето на данок не беше негов најголем проблем во изминатитот период. Во 2015 година беше обвинет за нарачување на убиство. Наводно тој и неговиот менаџер Роланд Бабек платиле за извршување на убиството на боксерскиот промотор Ахмет Онер. Но, за ова обвинение немаше доволно докази против него.

Феликс Штрум е роден како Аднан Четиќ на 31 јануари 1979 година во Леверкузен. Бил светски шампион во средно тешка категорија, во верзијата ВБО во периодот од март до јули 2006 година и повторно од 28 април 2007, во верзијата ВБА.