Босанката Мирнеса украде МИЛИОН евра од фирмата, полицијата ја уапси – сега сите се прашуваат: КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?

1454
Мирнеса С, вчера и се предала на германската полиција која ја бараше поради кражба на милион евра од транспортната компанија во која работела. Жената по потекло од Босна и Херцеговина, чие моминско презиме е Бешлиќ, ја зовре германската јавност која сега го поставува прашањето  – каде се парите што ги украла?

Популарната Мики преку својот адвокат ја известила германската полиција дека сака да се предаде. Претходно таа се криеше во Црна Гора, иако многумина мислеа дека е во родната Босна и Херцеговина.

Полицијата по неколку стотици пријави успеала да ја лоцира, а за информации за неа била понудена награда од 37.000 евра. Така почнал да се „стега обрачот“ околу Мирнеса, за што таа била свесна, па таа самата се предала. Таа пристигна на аеродромот во Штутгарт, каде што беше уапсена.

Таа во октомври минатата година украла милион евра готовина од фирмата во која работела, а потоа исчезнала без трага. Според некои информации, таа го планирала грабежот во стан кој се наоѓа на само 200 метри од полициската станица.

Многу се полемизираше за тоа дали имала соучесник, или за некого ги украла парите, но овие прашања остануваат без конкретни одговори. Меѓутоа, она што во моментов ја интересира германската полиција, но и јавноста е – каде се парите што Мирнеса ги украла?

Според полицијата, недостасува поголема сума пари. Истрагата за тоа каде се парите е во тек. Според информациите на БИЛД, повеќе ги нема парите. Полицијата се надева дека со распит на Мирнеса, ќе добие сознанија за нејзините соучесници.

Мустафа Мујо Османовиќ, најдобриот пријател на Мирнеса, не престанува да објавува содржини на социјалните мрежи. На последните снимки одговараше на прашања и откриваше досега непознати детали за Мики.

– Пријателе, да ти кажам нешто. Зборувате глупости за да привлечете малку внимание. Вас не ве интересираат овие работи, глупости и лаги. Какви соучесници, какви бакрачи. Таа нема ниту соучесници, ниту ништо. Таа е своја личност. Живеј го својот живот и не се грижи за Мирнеса. Таа е моја пријателка, но јас го живеам мојот живот. И посакувам се најдобро во животот – пишува тој.

УАПСЕНА Е МИРНЕСА-МИКИ – Босанката која ограби 1 милион евра од германска компанија