Кинеската влада направи неверојатен потег со одлуката за забрана на тетоважи во ММА спортот со што загрози многу договорени борби во оваа земја. Кина претходно ја забрани и хип-хоп културата, како и филмовите во кои се појавуваат актери со тетоважи, а сега и ММА борците не можат да влезат во кафезот доколку имаат тетоважи.

Овој закон е на сила од први јули што претставува голем проблем на сите организации, бидејќи скоро сите борци имаат по неколку тетоважи.

Најголемата светска промоција на УФЦ прва се најде во големи проблеми. Тие на 31 август имаат настан во градот Санжен, а на истиот треба да се бори Џесика Андраде, чие тело е насликано со многу тетоважи.

УФЦ затоа ќе мора да најде нов борец за главната борба на вечерта, но и остатокот од програмата да го исполни со борци кои немаат тетоважи. Тоа ќе биде сигурно задача за нив, бидејќи е голем предизвик да се најде борец без тетоважа.