Борусија најпосле може да смета и на Ројс

39

Капитенот на Борусија од Дортмунд, Марко Ројс целосно закрепна од повредата на бутниот мускул, пренесува Билд.

Триесет и едногодишниот играч од средниот ред може да биде во комбинација за натпреварот од Купот на Германија против Дуизбург закажан за 14 септември. Натпреварот ќе биде прв за Борусија во новата сезона.

  • Во неделата, го погледнав тренингот на Марко. Марко зрачи со позитивна харизма, рече спортскиот директор Томас Цорк.

Последен пат Ројс влезе на теренот на 4 февруари на натпреварот од германскиот куп против Вердер Бремен (2:3).