Напаѓачот на Борусија од Дортмунд, Ерлинг Халанд може да го пропушти натпреварот од 30. коло од Бундеслигата против Херта поради повреда на коленото, јавуваат германските медиуми. Претходно, Норвежанецот не беше во комбинација и за натпреварот против Падерборн (6:1).
Фудбалерот го пропушти последниот тимски тренинг. Тој веројатно има истегнување на внатрешниот латерален лигамент на коленото. Натпреварот Борусија – Херта е закажан за 6 јуни. Деветнаесет годишниот напаѓач оваа сезона има 14 настапи за Борусија на кои постигна 13 гола и запиша три асистенции.