Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски формира тим од експерти кои ќе му помагаат во креирањето политики. Тимот содржи 16-тина експерти, домашни и странски, кои тој вчера ги претстави на јавноста.

-Досега повеќе од 10.000 граѓани го кажаа својот проблем. Ние ќе понудиме решение за проблемите. ВМРО-ДПМНЕ го следи времето и модерните текови, во таа насока формирав тим од стратешки соработници од врвни професионалци, кои ќе се вложат бидејќи на Македонија по сите порази и требаат успеси. Овој тим кој ќе го стави на располагање своето знаење за Обнова на Македонија, ќе се дообликува во периодот што следи, рече Мицкоски.

Во тимот на стратешки соработници се: професорката Гордана Силјановска – стратешки соработник од областа на правото и политичкиот систем. Сашко Кедев – медицина и здравствени политики. Владимир Дуковски професор во пензија стратешки соработник за технолошки развој. Стратешки соработник за економија е Хозе Караско вонреден професор во Мадрид, Шпанија, Игор Дурловски стратешки сорабоитник за култура, Влатко Гигов, државјанин на Швајцарија за стратешки соработник за нови производи и медиуми, а Јанко Баждавела, од Њујорк.

За прашања од областа на спортот стратешки соработник е Борко Ристовски, за енергетика Сања Божиновска, Ака Махмуд од областа на туризмот, косопственик на ЕРЕК групацијата. За прашања на трудово парво вонреден професор Лазар Јовевски, за машинска индустрија и екологија Зоран Марков професор на Машински факултер. За интелектуална сопственост професор Гоце Наумовски. За бизнис и оргнизациски стратегии професор Гоце Андреевски, за корпоративно право Александар Климовски и за банкарска политика Коста Митровски.

Мицкоски на прес-конференцијата истакна дека неговата визија за земјата е таа да биде напредна и дека е потребна обнова во секој сегмент од општеството.