Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон, фаворит за нов британски премиер, рече дека ќе одбие да плати „сметка за разводот“ од 39 милијарди фунти ако ЕУ не понуди подобри услови.

– Велика Британија ќе плати „сметка“ вредна 39 милијарди само ако постои „поголема јаснотија“ во постигнувањето на договорот, изјави Џонсон во интевју за Сандеј тајмс.

– Отсекогаш сум сметал дека е многу необично да се согласиме да потпишеме чек пред постигнување конечен договор, додаде тој.

Премиерката Тереза Меј во петокот поднесе оставка во Конзервативната партија со што почна трката за нејзин наследник, но не и за паралментарни избори.