EPA-EFE/HENNING BAGGER

Борис Дениќ се враќа во словенечкиот ракомет. Тој во иднина ќе работи како советник на стручните штабови на машките репрезентации, а активно ќе учествува и во формирањето на машката Б репрезентација.

-Убеден сум дека соработката со Борис Дениќ ќе биде голема добивка за словенечката машка ракометна репрезентација. Верувам дека како човек со референците и резултатите што ги постигнал многу ќе придонесе за уште подобро функционирање на целата организација, изјави селекторот на машката репрезентација на Словенија, Урош Зорман.

Дениќ во 2010 година беше назначен за селектор и ја предводеше Словенија на три големи натпреварувања. Го освои шестото место на Европското првенство во 2012 година, четвртото на Светското првенство една година подоцна и осмото меѓу светската елита во 2015 година.