Борисов нареди и Михајлов веднаш поднесе оставка!

114

Само неколку часа подоцна, откако премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, од него побара да поднесе оставка поради расистичкото однесување на навивачите за време на квалификацискиот дуел против Англија во Софија, претседателот на Фудбалската федерација на Бугарија, Борислав Михајлов, го исполни барањето на Борисов.

Претходно, Борисов му наредил на министерот за спорт, да ги прекине сите реалиции со фудбалската федерација, дури и финасиските се дури актуелниот претседател Михајлов не поднесе оставка.

  • Премиерот ми се јави синоќа. Владата направи многу за развојот на фудбалот во државата, особено последнава госдина, но по последниве настани, премиерот ми нареди да ги прекинам сите релации со фудбалската федерација, изјави министерот за спорт на Бугарија, Красен Кралев.