Борел: Очите на ЕУ и на Западен Балкан денеска се вперени во Охрид

23

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел, оцени дека очите на ЕУ и на Западен Балкан денеска се насочени кон Охрид, јави дописникот на МИА од Белград.

– По интензивната шатл-дипломатија меѓу Белград и Приштина, со претседателот на Србија и Албин Курти ќе разговараме за имплементацијата на анексот – составен дел од Договорот на патот кон нормализација на односите, напиша Борел на Твитер.

Борел, заедно со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак има одвени средби во Охрид со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер

Албин Курти, по што е предвидена планирана трилатерална средба.