Контроверзниот ракомњтен стручњак Веселин Вујовиќ, од наредната сезона по трет пат ќе седне на клупата на Вардар, а непосредно пред тоа каза дека тимот на Борац не бил негова попатна станица.

Згрешив што прифатив да работам во Борац без да ја запознам ситуацијата и играчкиот кадар во клубот. Но сè што направив како тренер, го направив со максимална посветеност. На двапати имав можност да си заминам порано, но како што реков, не го доживеав Борац како попатна станица, останав да направам сè што е можно. За жал, вкусот остана малку горчлив поради неуспехот, но многу работи беа позитивни, изјави еден од најдобрите ракометни стручњаци, кој на клупата на „црвено – црните“ наредната сезона ќе седне на местото од Стевче Алушовски.