Борат го фатил адвокатот на Трамп како се пипка на „она“ место и сето тоа ќе оди во филмот

205

Филмот „Борат 2“ излегува утре, а комичарот Саша Барон Коен повторно фати еден политичар во незгодна ситуација.

Коен е познат по бројните улоги во кои ги исмејува политичарите, ама сега се има надминато себеси. Објавено е видео кое е дел од второто продолжение на Борат, а во него се пошегува со поранешниот градоначалник на Њујорк, а сега адвокт на претседателот Доналд Трамп, Руди Џулијани.

На снимката се гледа како Руди се ноѓа во хотелска соба со ТВ новинарка. Тој лежи на креветот, а потоа со раката ја пика во панталоните и си ги допира гениталиите. Порталот Ен-би-си Њуз пишува дека непријатната сцена следувала откако Џулијани дал интервју за непостоечка конзервативна ТВ станица.

Потоа, новинарката го вик на пијачка во хотелската соба, но упаѓа Борат кој почнува да вреска: Немој да го правиш тоа, таа е престара за тебе, има 15 години, а Руди потоа му вели дека младата девојка му е ќерка.

Џулијани пријавил во полиција дека во собата му упаднал непознат маж, облечен со розова гардерооба како транссексуалец, имал брада и голи нозе и сѐ на сѐ изгледал апсурдно. Дури подоцна разбрал дека станува збор за Борат.

Овие сцени ќе бидат прикажани во филмот „Борат 2“.