Возачот на Алфа Ромео, Валтери Ботас, откри дека останал без одредени бонуси во текот на минатата сезона во Мерцедес, а причината за тоа е што неговиот тогашен клупски колега Луис Хамилтон ја загуби шампионската трка против Макс Верстапен од Ред Бул.

  • Одредени бонуси се поврзуваат со одредени успеси. За среќа, ништо не ми беше исплатено однапред, истакна Ботас, но не појасни за колкава сума станува збор.

Финецот го напушти Мерцедес по пет години и истакна дека од оваа перспектива може да се идентификува со Нико Розберг.

  • Се сеќавам дека Нико и Луис се караа со години, па дури и дека во еден момент работите добија политичка димензија. Меѓутоа, кога дојдов во Мерцедес, се прашував зошто Нико наеднаш застана. Но, сега можам да се поистоветувам со него. Имате чувство како нож да ви го допира вратот, работите не се баш најдобро, истакна Ботас.