Бомбици со овесни снегулки и јаболки – здрави колачи, можете да јадете колку сакате!

2562

Кога правите здрави колачи имате една предност – можете да јадете колку сакате. Овие бомбици со овесни снегулки и јаболки се прават многу брзо и освен што ќе ја задоволат вашата желба за благо, тие имаат многу хранливи материи и претставуваат супер храна.

Самите овесни снегулки се богати со влакна, ќе ви држат ситост, а нема да го оптоваруваат вашиот организам.

За овие здрави бомбици ќе ви бидат потребни:

  • две шољи овесни снегулки
  • 2 рендани јаболки
  • 100 гр сушена брусница
  • 100 гр толчени ореви
  • 2 лажици мед

Излупете ги и нарендајте ги јаболките и додадете ги во овесните снегулки, кои претходно сте ги ставиле во длабок сад каде ќе ја мешате смесата за бомбици. Во оваа смеса додадете ги и останатите состојки, брусницата, оревите и медот.

Убаво измешајте ја смесата и оставете ја во фрижидер два до три часа да отстои.

Од смесата направете бомбици, кои ќе ги редите на хартија за печење. Печете ги бомбиците околу 15-20 минути на температура од 190 степени.

Пријатен вкус и уживајте!