“БОМБИТЕ” И ОД ФИОКА ЈА ДРМААТ ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА – Имунитетот на Трајко го разболе ДУИ!

89

Два дена по седницата за одземање на имунитетот на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски не стивнуваат реакциите, а се шпекулира дека владината коалиција не ја тресат само низата афери и натегањата за консензуален претседател, и покрај фактот што и заедничкиот кандидат е заглавен во преговорите, туку пазарот најмногу запна кај предлог-законот за Јавното обвинителство. Како што пренесуваат медиумите, со законските измени се предвидува сите истраги што ги отвори Специјалното обвинителство по 30 јуни 2017 година да продолжи да ги води ОЈО. Владините партнери СДСМ и ДУИ не можат да се усогласат за статусот на СЈО, а договорот уште повеќе го усложнува фактот што истрага се води и за поранешни и актуелни високи функционери од ДУИ, меѓу кои се и Али Ахмети и Бујар Османи. Пратениците од владејачкото мнозинство и вчера обвинија дека се работи за соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Колку чини пазарот за имунитетот на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски и што е тоа што го натера Талат Џафери да ја прекине седницата и да го откаже нејзиното продолжение е дилемата која и натаму е актуелна во јавноста. Пратеникот кој е осомничен за случувањата на 27 април во Собранието, останува со имунитет поради истекот на деловничката процедура за одземање.

Два дена по седницата не стивнуваат реакциите, а се шпекулира дека владината коалиција не ја тресат само низата афери и натегањата за консензуален претседател, и покрај фактот што и заедничкиот кандидат е заглавен во преговорите, туку пазарот најмногу запна кај предлог-законот за Јавното обвинителство.

Како што пренесуваат медиумите, со законските измени се предвидува сите истраги што ги отвори Специјалното обвинителство по 30 јуни 2017 година да продолжи да ги води Јавното обвинителство.

Токму статусот на Специјалното јавно обвинителство е условот кој го постави Европската комисија за Република Северна Македонија да добие датум за преговори.

Владините партнери СДСМ и ДУИ не можат да се усогласат за статусот на СЈО, а договорот уште повеќе го усложнува фактот што истрага се води и за поранешни и актуелни високи функционери од ДУИ, меѓу кои се и Али Ахмети и Бујар Османи.

Пратениците од владејачкото мнозинство и вчера обвинија дека се работи за соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Павле Богоевски и Мухамед Зеќири, двајцата директно прозвани од претседателот на Собранието Талат Џафери, кој рече дека ја прекинал собраниската седница меѓу другото и поради дофрлувањата на Зеќири, го обвинуваат ДУИ за “криминална коалиција со ВМРО-ДПМНЕ” и дека си прават меѓусебни услуги кои би требало да се вратат во иднина.
Во јавноста се погласно се шпекулира дека наводно ВМРО-ДПМНЕ поседува материјали со компромитирачка содржина за функционерите на ДУИ.
Инаку, новата законска верзија, пренесува Макфакс, пред неколку недели поминала и под лупата на меѓународни експерти кои дале согласност за законските одредби за статусот на СЈО. Предлог-законот предвидува СЈО да биде автономно, но хиерархиски подредено под државното Јавно обвинителство и да се застапува самото во прв и втор степен пред судовите, а во трет степен пред Врховниот суд тоа да го прави обвинител од ЈОРМ.

На вчерашната владина седница не бил на дневен ред и не е дискутирано за законското решение за СЈО, изјави вчера владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прашањето до кога треба да биде донесен новиот Закон.

За да помине предлог-законот треба „за” да гласаат 80 пратеници, кои власта тешко дека ќе може да ги обезбеди. Една од причините поради кои ДУИ се колеба да го поддржи новиот закон за Специјалното јавно обвинителство, според информациите, е фактот дека за лидерот на ДУИ, Али Ахмети е отворена истрага со кодно име „Попис”, како и за вицепремиерот Бујар Османи, истрагата „Пациент”.