Бомбаш-самоубиец се разнел на митинг во Авганистан, 24 мртви

77

Обид за атентат врз авганистанскиот претседател

Најмалку 24 лица се убиени, а над 30 се повредени во експлозија за време на предизборен митинг во авганистанскиот град Чарикар, северно од Кабул, пренесе новинската агенција Ројтерс.

На митингот присуствувал и авганистанскиот претседател Ашраф Гани. „Претседателот е неповреден“, изјави помошникот на Гани за Ројтерс.

„Меѓу жртвите има и деца и жени, а најголемиот дел од загинатите се цивили. Екипите се на терен, а бројот на жртви може да порасне“, изјави Абдул Касим Сангин, шеф на локалната болница.

Претставник на локалната самоуправа изјави дека нападот го извршил бомбаш-самоубиец, но до сега никој не ја презел одговорноста за нападот.