Поранешниот јамајкански спринтер Усеин Болт, сè уште се нема помирено со фактот дека е во пензија па се обидува да почне кариера во друг спорт. Откако не успеа во светот на фудбалот, сега се заинтересира да влезе во американскиот фудбал.

Повеќекратниот олимписки и светски рекордер во спринт истакна дека сака да почне кариера во спортот во кој би можел да ги искористи своите таленти. Со оглед на брзината и висината, би се рекло дека може да биде совршен во НФЛ лигата. Меѓутоа, Болт има два услови доколку некој НФЛ тим е заинтересиран за него .

-Ако ме повикаат Патриотс или Арон Роџерс јас сум подготвен, изјави Болт.

Оваа изјава не изненадува со оглед на тоа дека не постои играч на американски фудбал кој не би сакал да игра со Том Брејди или Роџерс, две живи легенди на овој спорт кои се идеални партнери за секој примач.

Болт покажа и дека е подготвен да игра во НФЛ со тоа што истрча спринт од 40 јарди, еден од клучните тестови за играчите кои сакаат во НФЛ, за само 4,2 секунди. Тоа е на ниво на рекордот од 2017 година, кој го постави актуелниот примач на Синсинати, Џон Рос.