Болсонаро подоцна денеска ќе ги коментира изборните резултати

84

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ќе го прекине молкот за резултатите од претседателските избори и ќе зборува подоцна денеска, изјави негов политички сојузник од Прогресивната партија.

– Во суштина, тој треба да прочита однапред подготвен текст, но точниот формат не е прецизиран, рече Клаудио Кахадо, пратеник во бразилскиот парламент, додавајќи дека не знае дали Болсонаро официјално ќе ја признае својата загуба.

Болсонаро досега нема дадено никакви изјави откако беше објавено дека загуби на изборите.

Изборната администрација на Бразил денеска соопшти дека Луис Инасио Лула да Силва од левичарската Работничка партија го победи актуелниот претседател Жаир Болсонаро и стана нов претседател на државата.

По пребројувањето на 98,8 отсто од гласовите, тој освои 50,8 отсто, а Болсонаро 49,2 отсто. Изборните власти објавија дека победата на Силва е математички сигурна.