Болсонаро наместо да се справува со Ковид-19 сака да биде на плажа

16

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро изјави дека тој може малку да направи за епидемијата со Ковид-19 и оти „повеќе би сакал да биде на плажа“.

Тој најави дека за неколку дена ќе испрати авион во Индија, со кој би биле доставени вакцини против Ковид-19. Бразилската Влада претходно најави дека авионот за Индија требаше да полета вчера.

Бразил вчера соопшти дека за еден ден регистрирани се 66.047 новозаболени и 1.038 починати од последици од Ковид-19. Од почетокот на пандемијата во земјата се инфицирале над 8,3 милиони граѓани, а починае 208.133 луѓе.

Извор:МИА