Боли до небото:Тони Цетински испрати емотивна порака на Тоше Проески: „Тука сум плачам, те сака твојот брат“

715

– Од Тоше многу научив, иако сум многу постар од него. Тој не беше само човечко суштество, тој беше повеќе од тоа, кажа познатиот пејач Тони Цетински за нашиот Тоше присетувајќи се на скорешниот трагичен 16 октомври кога Проески го загуби животот.
Тони во текот на кариерата со Тоше ја има снимено популарната песна „Лагала нас мала“, која стана хит од Вардар па до Триглав.
-Откако го нема, сакам да бидам што е можно подобар. Но, имаше период на гнев и чувство на неправда каде што брзав. Бев во брак каде што се сите од фамилијата атеисти, тотално оддалечени од Црквата. Брзав, одев со главата низ ѕидот. Си дозволив и пороци. Целосно се изгубив и отидов во погрешен правец. Сега ти ме прашуваш, кај сум?

Тука сум, плачам, да плачам. Ќе биде се во ред додека те имаме тебе, ти си нашиот ангел на доброта. Знам дека не чуваш, секогаш си во нашите молитви, те сака твојот брат Тони. Токму вака многу емотивно со болка до небото, зборува Цетински деновиве за Тоше кого го сметаше и за својот брат. (Д.М.)