Болдвин наводно пукал од пиштол со кој пред снимањето се гаѓале празни лименки пиво со вистински куршуми?

642

Извор од екипата од снимањето на филмот Rust, во кој актерот Алек Болдвин ненамерно ја застрела директорката на фотографија Халина Хачинс, откри дека пред снимањето се пукало од истиот пиштол со вистински куршуми. 

Како што пренесува CNN, се пукало од пиштолот кој подоцна му бил предаден на Болдвин. Екипата пукала во празни лименки пиво, популарно наречено „plinking“ во САД.

Новите детали од филмскиот сет за Си-Ен-Ен ги откри Шерон Воксман, основач на шоубиз-порталот The Wrap, повикувајќи се на нејзин доверлив извор од сетот.

Таа рекела дека тимовите на филмски сетови често практикуваат така да вежбаат пукање, користејќи вистински куршуми. Нејзиниот портал дознал дека тие го правеле истото на денот кога Хачинс беше застрелана во градите и ранет режисерот Џоел Соуза.

Си-Ен-Ен се огради од наводите на тој портал бидејќи не може да ги потврди, а продуцентите на филмот Rust го повторија она што веќе го кажаа – дека безбедноста на актерите и тимот зад камерите е приоритет. Тие истакнаа дека соработуваат со полицијата и дека не знаат за поплаките за безбедноста на оружјето и реквизитите на снимањето и дека ќе ги испитаат нивните безбедносни процедури, додека снимањето е прекинато.

По трагедијата, американските медиуми објавија дека неколку дена претходно повеќепати случајно бил испукан куршум пиштол, но дека нема повредени и дека не е јасно дали имало вистински куршуми во пиштолите.

Наводно, неколку членови на тимот го напуштиле сетот поради грижа за сопствената безбедност.