Украинскиот боксер Александар Усик направи големо изненадување со победата над Британецот Ентони Џошуа, со едногласна одлука на судиите со 117:112, 116:112, 115:113. Укринецот со оваа победа стана светски шампион во тешка категорија во верзиите ВБА, ВБО и ИБФ.

Усик (34) сега има 19. победи во профедионалната кариера и ниеден пораз, додека Џошуа го претрпе вториот пораз. Усик истот така стана првиот боксер уште од Ивандер Холифилд, кој бил неприкосновен шампион во крузер категорија, а потоа стигнал до светската титула во најтешката категорија.

Украинецот подобро го почна мечот, уште во првата рунда наметна свој ритам, а Џошуа на тоа не успеа да одговори со своите силни удари. Британцот имаше добар период од четвртата до шестата рунда, но на крајот стана јасно дека Усик е подобар боксер во оваа борба. Последните рунди донесоа гоелма борба, одлично движење и вредно работење од странан на Усик, па на крајот заслужено славеше, за сметка на разочарувањето на 70.000 британски навивачи на стадионот на Тотенхем во Лондон.