Германскиот боксер со турско потекло Муса Јамак (38), почина за време на својата последна борба минатиот викенд во Гарчинг, Баварија.

Трагедијата се случила непосредно пред почетокот на третата рунда, кога Јамак се обидел да го продолжил мечот, но наеднаш колабирал и се онесвестил. Луѓето од неговиот штаб и медицинските лица околу рингот веднаш влегле да му помогнат, а гала вечерта била прекината.

Во полицискиот извештај се вели дека откако навивачите ја напуштиле салата, јажињата во рингот биле одврзани за да не им пречат на медицинските лица. За жал, болничарите задоцниле поради гужвата надвор што ја направија навивачите и не успеале да го спасат боксерот.